Friends

Wednesday, 26 June 2013

black and white clutch

Пликов го обожавам иако до сега забележавте дека сум повеќе љубител на големи чанти во кои може да се собере се и сешто.
Се надевам ви се допаѓа и на вас =)


Имајте убав ден =)










11 comments:

  1. Odlicen izgled.Bojata na maickata mi e edna od omilenite letovo, a oblikot na suknjata e sovrshen.Plikov e mnogu ubav,mojata idealna golemina za iskacanje :)

    ReplyDelete
  2. ubava suknjicka...
    imas nova frizura kako sto mozam da primetam

    ReplyDelete
  3. Штикличките ми се преслатки! Одличен избор, и даваат доза романтичност на комбинацијата во комплет со пликотo!Исто ми се допаѓаа и изборот на накит, прстенчето е adorable!

    ReplyDelete
  4. Комбинацијата не е воопшто лоша, меѓутоа мораш посериозно да поработиш на некои други ситни но многу битни детали!
    Пробај за почеток да ја промениш козметиката која ја користиш.
    Дефинитивно ти е потребно освежување!
    Пудрата или што и да имаш ставено, на лицето му дава сјај кој воопшто не изгледа убаво.
    Исто така мислам дека некоја потемна нијанса на розе или во случајов некоја црвенкаста боја на кармин би ти стоела далеку подобро.
    Усните ти се многу бледи и лицето ти изгледа анемично.
    Обиди се да ја смениш пудрата, додај руменило на јаболчниците и некоја појака (не нападна) природна боја на усните.
    Ќе изгледаш по живо, свежо и здраво.
    Уште една забелешка ми е различната боја на лакот за нокти кај прстите на рацете и нозете.
    Со косата исто така нешто мораш да сториш, многу ти е разбушавена и делуваш неуредно.
    Летово можеш најобични пунџички да правиш, не мораш да губиш време во фенирање и пеглање. Направи пунџичка, разбушави ја и сигурна сум дека далеку поубаво ќе изгледаш. Дури и некоја чупава плетенка, рибина коска би ти стоеле многу убаво.
    Се надевам дека нема да се навредиш и налутиш.. (бидејќи не ми е тоа намерата) Би ми било драго доколку ги прифатиш моите сугестии.
    Те поздравувам и ти посакувам убав ден и уште многу убави комбинации!

    ReplyDelete
    Replies
    1. Благодарам за критиките. Се разбира дека не се навредив, сакам критики, негативни коментари кои се поткрепени како дошло до нив.

      За жал околу пудрата до сега не сум успеала да пронајдам решение, затоа што сите пудри по неколку часа почнуваат да блескаат, а ниту пудра во прав не помага. Треба да се фотографирам само што ќе ја нанесам шминката, но тоа многу често е неизводливо. Ако имаш некој предлог би била благодарна.

      Околу лакот ќе се согласам :$ но не и за косата. Природно ми е кадрава, па од многу врзување почна да се губи формата. Затоа сега се обидувам почесто да ја носам пуштена, природна за да и се вратат локните. За жал јас не сакам да ја собирам косата или да облечам нешто само за фотографирање.

      Се надевам на уште вакви искрени коментари.
      Поздрав

      Delete
    2. Те поздравувам и морам да ти кажам дека ми е многу драго што ги прифати моите критики! :)
      Во однос на косата причината е сосема оправдана, па во тој случај одлуката да ја одмориш од "кубење" е за поздрав!
      Патем и јас сум со истиот проблем, мојата сосема го изгуби обликот поради константното врзување репчиња и пунџи. Ќе треба и јас да здивнам од стегачите и да го сторам истото. :)
      Пудра!
      Ќе ти дадам совет од мое лично искуство што не мора да значи дека и ти ќе го добиеш истиот ефект и ќе бидеш задоволна, но сепак вреди да се обидеш.
      Мојата кожа е комбинирана - ми изгледа дека и твојата е таква.
      Критична Т-зона. Мене како најсоодветна за губење на сјајот во тие предели ми се покажа Revlon Colorstay за мрсна кожа.
      Се надевам дека тоа ќе биде вистинскиот избор за твојот тип на кожа. (Секако ако досега не си ја пробала оваа пудра)
      Совет + За регулирање и значително намалување на мрснотијата од лицето мене МНОГУ ми помага редовно користење на Dove сапунот.
      Се надевам дека моите совети ќе ти бидат од корист. :-)
      Поздрав!

      Delete
    3. Ја немам пробано таа пудра. При бирање пудри ја тестирав за покривност и бидејќи не ми беше доволно покривна престанав да размислувам за неа. Но, ќе и дадам шанса, секако морам да купам нова пудра.

      Благодарам многу за предлогот.
      Имај убав викенд =)

      Delete
  5. Lovely clutch.

    Valeria.
    http://myurbanmarket.blogspot.it

    ReplyDelete
  6. Многу убав модел на сукњата. Пликото е баш интересно :)

    http://fashioncompilation.blogspot.com/

    ReplyDelete
  7. ubav sovet od anonimusov..mi se dopaga nejziniot predlog, jas sakav nesto slicno da ti pisham za shminkata-da stavash malce pudra u prav bar navecer da ne ti sveti liceto,kombinacijata mis e svigja suknjicka i bluzicka nemam tuka zamerka super e :)

    ReplyDelete
  8. Иако сега се во тренд макси сукњи јас секогаш ќе си останам заљубена во овие. Одлично е иако е црно, комбинацијата е доволно разиграна со ташничката.
    Не си претерала со накит, што ми се допаѓа
    Поздрав

    ReplyDelete