Friends

Friday, 8 March 2013

new ...

Во последно време знам дека се поретко објавувам комбинации, не затоа што не излегувам или пак мислам дека не треба да ви покажам што сум носела, но го заборавам апаратот дома, а со телефон не можам да доловам што носам, особено не навечер. Долга ми се гледа реченицава :D
Во овие 8 дена од март купив повеќе нови работи, но некои се за перење, чантата ви ја покажав во минатиот пост, па еве нешто што купив вчера и подароците од љубениот.
Чизмите се долу гумени. Кога излегоа не бев сигурна дали би ги носела, не знаев како ќе ги вклопам во мојот гардеробер, но тоа мислење ме држеше се дур не ги видов овие. Долу се гумени, горе се со некој материјал налик кожа, но за тие парички не добив кожа сигурно :D
Вчера влегов во Теренова, многу ми се допадна џемперов затоа што е долг, убава е плетката и мислам дека нема да се развлече во брзо време. Иако не сум сигурна дали ќе го облечам оваа сезона, веќе е топло за него.
Здолништата најмногу ми се допаднаа и ми се баш се израдував кога видов дека има бројче за мене. Она шареното ми прави повеќе мерак и баш за вечер ми е во план за носење.
Здолништето со цветови и брошот пеперутка ми се подарок од љубениот.

Па како ви се допаѓаат? Со што вие би ги носеле?








22 comments:

  1. Се заљубив во ацтек-принт сукњата!
    Многу е слатка а и плус многу убаво би стоела на исончана кожа!
    Исто и сукњата со цветниот принт е многу убава, сигуно на секоја комбинација ми и дала некој винтиџ feel.

    ReplyDelete
    Replies
    1. И мене ми беше здолништето љубов на прв поглед =)

      Delete
  2. И јас се слагам со Елена, суќната со ацтек-принт мора да е моја што поскоро!!
    Одлични парчиња, со здравје да си ги носиш :)

    http://sanjaburgundy.blogspot.com/2013/03/silver-me.html

    ReplyDelete
    Replies
    1. Благодарам =)
      Одма ја зграбив кога ја видов.

      Delete
  3. Се е прекрасно!Ми се допаѓат сукњите и чизмите најмногу!
    Инаку сукњите можат да се искомбинира на многу начини.Со балетанки за покежуал стил или штикли,сандали за поформален изглед.А џемперот секако со хеланки и новите чизми!

    ReplyDelete
  4. site za istoto se fativme i mene suknjickite mi se preslatki

    ReplyDelete
  5. Баш се убави суќните! Мал милион комбинации би направила со нив, мислам дека во сезоната што доаѓа буквално ќе ги утепаш од носење, нека ти се честито, воедно и сите други парчиња, прекрасни се!

    ReplyDelete
  6. Ах, зошто вакви лиги ми правиш во петок навечер :) Сукњата обавезно да ја носиш вечер и очекувам слики. Инаку, сите три сукњички ми се допаѓаат.

    ReplyDelete
    Replies
    1. Благодарам =)

      Слики вечер =)

      Delete
  7. Love your boots.

    Valeria
    http://myurbanmarket.blogspot.it

    ReplyDelete
  8. Со здравје да си ги носиш. :)
    Ми се допадна се освен чизмите. Сакам чизми за на дожд, но штиклата на овие ми е премногу висока. Останатото супер.
    Здолништето со tribal print би било и мој фаворит. Јас одамна барам нешто слично на него само со повеќе детали и никако да најдам за жал. А веќе имам испланирано со што би го носела. ^^
    Со ова цветното можеш ептен да си играш со принтови, бои, баш ми се допаѓа.

    ReplyDelete
    Replies
    1. Благодарам. =)

      Да ѕирнеш во Теренова, имаше и други шарички од здолништето.

      Delete
  9. Со здравје да си ги носиш, и мене се ми се допадна освен чизмите. Ќе се согласам со коментарот на Мери, убав е моделот - ама штиклата е превисока.. Очеувам некоја комбинација со нив, баш ме интересира како стојат :-)

    Инаку, црно белата сукњичка со линии ми е омилена од сите работи, јас одамна барам нешто слично - ама со вертикални линии да биде :-D

    Прстенчето е преслатно ^_^

    http://alexandrainwonderland1.wordpress.com/

    ReplyDelete
    Replies
    1. И јас сакам со вертикални линии и не бев сигурна како ќе ми стои оваа затоа што малкуцка ми се широки колковите, но супер излезе.

      Не е прстенче, брош е =)

      Delete
  10. Nice skirt!
    Do you like to follow each other?
    Let me know...
    expressyourselfbypaolalauretano

    ReplyDelete
  11. Divna je ova suknjica sa aztec printom! I cizmice!


    ninafashionshow.blogspot.com

    ReplyDelete