Friends

Tuesday, 19 February 2013

new, new, new ...

Никогаш не сум сакала златен накит, особено не вистинско злато. Имам едно прстенче многу драг подарок кое го носев до пред година дена, но го изгубив камчето и дур ставам ново е во мирување. Тоа прстенче не го вадев никогаш, без разлика дали одеше или не со останатиот дел од гардеробата.
Кога почна трендов со златестиов накит гледав малку со негодување на него. Но, со тек на време дали поради преплавеноста или пак сфатив дека само имам одбивност кон бојата, па не е лошо да се поседува некое парче.
И така од некое, станаа повеќе.
Вчера прошетав низ Битпазар, кај добро познатите бугарки и најдов неколку убави парчиња, барем за мене.
Бугарките на Битпазар отприлика се наоѓаат во влезот кој е од главната улица, пред влезот за женски пазар. Или пак внатре отприлика паралелно со делот каде што се продава грав, ориз... па и домаќинка сум, не купувам само дрангулии :D

Прво го најдов првото ланче кое чинеше нешто повеќе од 250 денари, не сум сигурна баш за цената.
Другите две беа по 200 денари. Овие ѓердани како алки ги сакав, па не ги сакав затоа што сите ги носат, но секаде се над 500 денари, кога веќе го начекав за 200 греота е да го немам :$ :D
Прстенот ми беше љубов на прв поглед. Ќе го земев колку и да беше :D ама знаете дека таму прстените се од 30 до кај 100 денари. Овој беше 50 ден. 
Не знам дали со фотографиите успеав да доловам како изгледа  накитот, но очекувам коментари дали ви се допаѓа и со што вие можеби би го носеле.
Имајте убава вечер. :*
                                                        

                                                                       






35 comments:

  1. Со постов ќе им го уништиш бизнисот на повеќето online продавници што се актуелни низ facebook. :)
    Округлото ланче што му доаѓа како плочка е изгор на повеќето страни, ако не и на сите споредено со оваа цена тука.
    Останатите три работи се исто така убави, прстенот поготово, но она за кое зборувам погоре ми е фаворит.
    Без разлика што веќе долго време е во мода мене ми остана омилено, едноставно на се оди! :)
    Мора што е можно побрзо да ги посетам тие места од каде си ги купила. Мора. :)

    Морав да искоментирам на кратко.
    Поздрав.:)

    ReplyDelete
    Replies
    1. Не само на Facebook има и други сајтови кои лупаат цени. За среќа со години ги посетувам бугарките, па не лупам многу пари на накит, а и стрпливо си чекам да донесат што посакувам.

      Имаш друштво за таму =)

      Delete
  2. Ох значи повторно треба да ги посетам бугаркиве! И јас некако не сум многу по златниот накит, но во право си дека е актуелен, и толку е скап насекаде, што за 200 денари е навистина греота ако го немаш :)

    Сите ланчиња се убави, најмногу ми се допаѓаат второто и третото и би ги носела или на кошула, над крагњата или пак на црно тесно фустанче.

    Прстенот е препредобар! Со здравје да си ги носиш :)

    http://sanjaburgundy.blogspot.com/2013/02/new-in.html

    ReplyDelete
    Replies
    1. Благодарам! Уште ги немам носено ама вечер мора некое да го вклопам во комбинација.

      Delete
  3. Е алал да ви е, имате среќа вие со бит пазар, ние од другите градови што да правиме, ќе си плакнеме и очи и џебови :)

    Ланчињата се преубави, фаворит ми е второто, толку едноставно а дојде ли во комбинација и со наједонставна маичка прави чуда. Со здравје да си ги носиш!

    http://youlen.wordpress.com

    ReplyDelete
    Replies
    1. Благодарам! Кога ќе доаѓаш за Ск. имаш прошетка до Битпазар =)

      Delete
  4. lanceto na tretata slika mnogu mi se dopaga..ama seuste se dvoumam dali bi go kupila....ne sum sigurna dali bi go nosela a prepuna sum so raboti sto ne gi nosam :/
    pstenceto e vrv! originalno!

    ReplyDelete
    Replies
    1. Благодарам и мене прстенчето најмногу ми прави мерак.

      Delete
  5. Прекрасни се! Најдобар впечаток ми остави првото. Совршено! :)
    Морам и јас да најдам деновиве време и да тркнам.

    ReplyDelete
  6. Секое парче е преубаво, па и се изненадив колку се ефтини, особено за она како алка, и јас кога си купив такво само сребрено го купив ефтино, а очекував да биде 700 или 800 ден. :) ама ете среќа :))
    http://thedreamofstyle.blogspot.com/

    ReplyDelete
    Replies
    1. Благодарам!
      Најважно е во вистинско време да си на вистинско место.

      Delete
  7. Ах, што немав повеќе пари зачувано :(

    Морам да имам барем 2 од твоите 3 ланчиња! Јас како што сум будала по collars, што мора да се има - мора да се има!
    Ја видов прво на сликата на фејсбук и кога ги видов collar ланчињата си викав Лелее дај боже да се ефтини за да си ги купам и јас, дај божее, и етее имам среќа изгледа :D
    Само може да ми кажеш дали имаше повеќе ставено на тезгите, дека ако биле 2-3 сигурно до следната недела ќе ги разграбаат!

    ReplyDelete
    Replies
    1. Се надевам дека ќе најдеш, но не верувам. Немаше многу, имаше по 3,4 од последните две, а првото последно беше.

      Delete
  8. They're all pretty.

    Valeria. http://myurbanmarket.blogspot.it
    Giveaway: http://myurbanmarket.blogspot.it/2013/02/international-giveaway-share-love.html

    ReplyDelete
  9. ААааа марамке одличен избор, мене фаворити ми се златната огрлица и прстенот, јас не сум мнг фан на овие collar ланчиња ... ќе треба да ги најдам јас тие бугарки :D

    ReplyDelete
    Replies
    1. Благодарам!
      Нема да зажалиш ако се потрудиш да ги најдеш :D

      Delete
  10. So beautiful!<3


    http://nekinovi-klinci.blogspot.com/

    ReplyDelete
  11. Marama kamo porano da go videv postov, jas duplo poveke gi plativ XD
    Inaku odlicni parcinja nakit nemozam da se odlucam koe od koe poveke mi se dopagja. :)

    ReplyDelete
  12. Amazing necklaces! I love the 2nd one:)

    Check out my blog: http://theprintedsea.blogspot.de/

    ReplyDelete
  13. Преубави се сите!А за цената,камо и тука да имаше таква работа!

    http://fashioncareofwoman.blogspot.com/

    ReplyDelete
  14. Ланчињата се навистина прекрасни! Цените се и повеќе од достапни со оглед на тоа колку истите чинат по фејсбук профилите на кои се доста популарни во последно време.
    Чекам комбинации со нив што поскоро. :)

    http://morethanafashionn.blogspot.com/

    ReplyDelete
  15. This comment has been removed by the author.

    ReplyDelete
  16. i jas gi gledav pred nekolku dena na bit pazar, ama ne mi se bendisa toa zlatnata boja :/

    si resiv sama da si napravam :))

    super se inaku

    http://besimplebehappy21.blogspot.com/

    ReplyDelete
    Replies
    1. Благодарам!
      Чекам да видам што си направила =)

      Delete
  17. Преубави се!
    Ние што живееме во други градови, за жал, немаме вакви можности да налетуваме на евтин, а убав накит во нашите пазарчиња. (:
    Со здравје да си ги носиш.

    http://darkbloomv.wordpress.com

    ReplyDelete
  18. amazing necklaces! my favorite is the simplest!


    kiss, Nádia
    My Fashion Insider

    ReplyDelete