Friends

Sunday, 20 January 2013

Hair cut and new glasses

Косата ми беше многу долга, подолга и од половина. Бидејќи е кадрава, не се забележуваше многу, а и постојано ја носам собрана. Пред некое време ја исправив и сфатив дека повеќе нема никаква форма. Па зошто ми е долга коса која изгледа неуредно?
Отидов на фризер, фризерката ја познавам цел живот и знае дека си имаме проблеми кога станува збор за кратење на косата :D
Сега кога и реков да скрати повеќе од 5,6 см. па и степен да направи се изненади.
Кога го погледнав крајниот резултат, морам да признаам дека бев малку разочарана. За мене беше прекратко, иако сум била со многу ама баш многу кратка коса.
Тек па кога ја измив дома и се навитка имаше што да видам. Ме утешија дека е како од 60тите, па добро и не  е така лошо. :D

Ги помните моите црвени очила, иако ретко ме гледате со нив. Но, диоптерот ми се зголемил прилично многу, па морав да менувам стакла. Кога веќе морам да сменам, зошто да не купам нови очила?
Очила носам повеќе од 15,6 години. На почетокот купував рамки од оптики, но од кога почнав да носам леќи, рамките почнав да ги купувам од пазар. Има фини рамки, со прифатливи цени, па и кога не се за секој ден, зошто да фрлам повеќе пари?
Пробав неколку рамки, но овие некако најмногу ми се допаднаа тогаш. Од сега решив да не пробувам рамки без леќите на мене бидејќи со мојата диоптрија не можам без нив да видам како ми стојат рамките.
Ги купив и наредниот ден кога ги пробав со диоптер, искрено се разочарав. Малку се потесни од сите кои претходно сум ги носела.
Но, и не се така лоши, ќе поминат кога ќе ме мрзи да си брцкам во око.

Еве некое сликиче, како ви се допаѓа пократкава коса и новите очила?







32 comments:

  1. Мене многу ми се допаѓаш со ваква фризура. Исто и очилата многу убаво ти стојат, мислам подобро од црвените. :)
    И јас носам очила 2-3 месеци, скапо ги земав и јас, прво мислев од пазар да земам рамка ама татко ми има од пазар и многу брзо му се кршат рачките. Се надевам дека на наредната контрола ќе ми речат дека веќе нема потреба од очила. :D

    ReplyDelete
    Replies
    1. Благодарам!
      Нема да згрешиш и од пазар ако ги земеш, мене долго ми издржуваат. Само стакла обавезно од оптика, не со пазарските.

      Delete
    2. Марама, а кај ги правеше стаклата? Иначе и мене многу повеќе ми се допаѓаат овие рамки, отколку црвените. Тие ти беа широчки.

      Delete
  2. you are so pretty , the glasse are perfect on your face

    ciao ave

    ReplyDelete
  3. Wow. I Love it! You have so so great blog! <3

    Would You like to follow each other? :)
    http://linde-lo.blogspot.com/

    ReplyDelete
  4. Мене косата преемногу ми се допаѓа! Не ти е ни многу долга, ни многу кратка! Исто и очилата. Па добро, можеби со носење ќе се разлабават...

    ReplyDelete
    Replies
    1. Благодарам! Не ме стегаат него мислам дека се помали. Ќе се навикнам =)

      Delete
  5. Дефинитивно вака да си ја носиш косата, вака крати ја секогаш, ПРЕДОБРО ти стои ;)

    ReplyDelete
    Replies
    1. Благодарам! Не забележував многу колку ми е претходно неуредна, секогаш беше собрана, сега ќе морам вака :)

      Delete
  6. Очилата ти стојат многу подобро од оние претходните! Повеќе ти ласкаат на лицето и не ги вади, односно не ги заменувај со леќи затоа што се предобри! :)
    Косата исто така го надополнува тој одличен изглед. Носи ја вака. Не знам дали е тука фенирана или ваква од препарати, но супер изгледа. :)

    ReplyDelete
    Replies
    1. Благодарам!
      Косата е само измиена со обичен шампон од бреза и исушена со фен.
      Ти благодарам за препораката за препарати на твојот блог. :)

      Delete
  7. Nice blog! Love it :)
    Let me know if you like to follow each other on GFC, Bloglovin and Facebook. Would be nice!

    X Annewil
    http://lovetolittlethings.blogspot.com

    ReplyDelete
  8. Preubava si, mislam deka treba sekogas vaka da ja kratis kosata odlicna ti e. Isto i ocilata da si gi nosis mnogu dobro ti stojat ne gi menuvaj so leki cesto kako porano :)

    ReplyDelete
  9. Love your glasses! You have super pretty hair as well :)

    xoxo

    Hillary @ www.thebrunetteshake.com
    Like me on Facebook! https://www.facebook.com/pages/The-Brunette-Shake-by-Hillary-Gail-Stewart/

    ReplyDelete
  10. mene mi se dopagja kosata mnogu,a za ocila ti imam pisano i predhodno super ti stojat

    ReplyDelete
  11. Mnogu slatko izlgedas, so novava frizura. Mnogu ti e ubava vaka, nepravilno vitkana, branovidna.
    Kako sto kaza pogore, kosata ti bila samo nabrzina sushena so fen?! Jas na toa kje ti kazam - blaze tebe, zoshto ne gi znaesh moite maki so kosava. :D :D

    Naocharite, mnogu podobri od prethodnite, ti stojat na formata na liceto, i najiskreno mnogu ti se ubavi, ti prilegaat.

    ReplyDelete
  12. Косава ти е супер, не е прекратка воопшто. А и очилата ти стојат преубаво.

    http://morethanafashionn.blogspot.com/

    ReplyDelete
  13. Марамке прво да ти кажам дека црна/темно кафена коса најубаво ти стои!
    И фризурата ти е супер, подобро пократка а средена, одколку долга без форма како и што си пишала.
    Очилата ти стојат супер, носи почесто очила одколку леќи - тоа ти е мој предлог :)) :*

    ReplyDelete
  14. Колку само нова фризура и очила можат да го сменат ликот, во позитивна смисла секако. Во ниту еден момент немој да се разочараш затоа што навистина си прекрасна со новиов изглед.

    ReplyDelete
  15. Преубава си, искрено поубава си со ваква фризура :))
    Очилата исто ми се допаѓаат, на убав човек се стои :)
    http://stylesessionss.blogspot.com/

    ReplyDelete
  16. Косата ми се допаѓа, вака поубаво ти стои. :)

    http://darkbloomv.wordpress.com

    ReplyDelete
  17. Исто и како тебе јас секогаш кога се шишам се ценкам со фризерката што помаку да ме скрати, зашто очигледно нејзиниот еден cm не е ист со мојот. :D
    Косата ти е прекрасна. Има дефинирана форма што мнооогу ми се допааѓа, со оглед на тоа дека мојата нема некоја конкретна форма и секој прамен и секое влакненце си е приказна сама за себе. xD
    Ми се допаѓа твојов изглед, изгледаш посвежо и многу слатко.
    И уште ова од мене: Смеј се почесто! Имаш прекрасна насмевка. :)

    http://life-lover-n.blogspot.com/

    ReplyDelete
  18. Hello. i think u have very inspiring blog here , good fun reading it.Would be really cool if we follow each other. Let me know xxx
    http://babyemilycloset.blogspot.co.uk/

    ReplyDelete