Friends

Friday, 28 December 2012

One

Една фотографија, затоа што другите и не излегоа добри. Матни се, главата малку ми е скратена, нозете итн.
Баш првото нешто што ми дојде при рака го облеков. Немав многу време, спанка, па уште пеглање на гардероба ми требаше :$
Различни нијанси на зелена и сива и црна чанта.
Омилениот кармин последниов месец и црвен лак.


Имајте убав ден =)



Sunday, 16 December 2012

Black and white

Во многу од моите постови можевте да видите парчиња од младоста на мајка ми. Јас ги обожавам, дел се уникатни, а дел се модерни и сега, па сега нивната цена е преголема, барем за мене. Одамна имам постирано една црвена кошула, која низ нашиве продавници ја видов за 3000 денари. Фала мамо што си зачувала дел од гардеробата. Иако многу фрлила, подарила, очигледно го зачувала тоа што мислела дека навистина вреди. Морам да признаам дека на почетокот не се радуваше што ги барав тие парчиња, мислеше дека се демоде, но потоа ја убедив дека е модерно, дека јас можам тоа да го носам на мој начин, и покажав колку сега чинат, па секој ден и таа пребарува да не најде уште нешто уникатно. На крајот е најбитно дека имаат поинаква вредност, а и јас се чувствувам удобно во нив.

Кошулава е стара 20 години, долга е и широка, па можам многу да си играм со неа. Да ја врзам како во комбинацијава подоле, да ја пикнам во фармерки или пак да ја носам со каиш како туника.
Хеланките веќе ги знаете, од Певекс се, од пред месец и повеќе.
Чевлите се од Шантел, имам неколку пати спомнато дека носам 35ка, па во моментов се едни од ретките кои го имаат мојот број, а имаат пристојни цени.
Се надевам ви се допаѓа =)

Имајте убава вечер =)








Tuesday, 11 December 2012

DIY: shoes

Чевливе ги купив минатата година и веднаш знаев дека ќе ги преправам. Покрај принтот имаа и некои циркони кои веднаш ги извадив, а вака со принтов ги носев само еднаш. Мислам дека не згрешив што се одлучив да ги преправам, затоа што со принтот многу ме ограничуваа. Јас сакам луди и забалежителни чевли, но не волку :D
Купив црн лак, потребни ми беа два и ги средив =)
Вака повеќе ми се допаѓаат, што мислите вие?


                                                                                                                                  BEFORE

                                                                                                                           *******



                                                                                                                                    AFTER






Добитници на кармините се:
-Розев - Горде, која коментираше на мојата ФБ страна
-Месо боја - Наташа http://life-lover-n.blogspot.com/
-Црвен - Ивана

Ќе ве контактирам девојки. :*

Sunday, 9 December 2012

Brown necklace

Пред некој ден сестра ми ме израдува со карта за на Владо Јаневски. Еден од  омилените пејачи ми е. Неговите песни ме потсеќаат и на периодот кога за прв пат почнав да излегувам, па ова излегување ми беше како оние првите. Дали е срамота ако пишам дека до сега не сум била во Колосеум? Мислам на ова под Железничка што е. :D
Не беше лошо, иако мислам дека пејач како него не смее да си дозволи да настапи плејбек.

Не можам да ги сфатам девојките кои излегуваат по дискотеки со чанти големи колку патничка торба. Па буткање со лакти, жалење за неудобните и превисоки чевли, жалење дека е ладно, а облекле тенки хулахопки и туника растегната како фустан. Знаеме надвор колку е ладно, знаеме и колку часа би стоеле кога излегуваме.

Ај доста се жалам и не беше така лошо.


Пеплумот блуза и една широчка сукња ги искомбинирав како фустанче, мислам дека не се ни забележува дека се посебни парчиња. Црни хулахопки под кои носам уште едни месо боја, црни салонки и кафени детали, ланче и прстен.









Friday, 7 December 2012

Grey tones

Едни од поудобните чевли, но ретко ги носам. Јас немам проблем со одење на високи чевли, се разбира сум утнала неколку пати и сум купила чевли со кои не можам ни да седам. Но, за среќа поголем дел од чевлите ми се удобни. 
Се двоумев дали да носам капче или не, па се сликав со и без капче. На крајот излегов со капче и мислам дека не згрешив.








Thursday, 6 December 2012

dress and hat

Долг, огромен џемпер искористен како фустан. Добро е кога можеш да ги прилагодиш алиштата во своја корист =) Под него носам црна широка кошула, чија што јака многу ми се допаѓа, па сакав да се гледа вака. Омиленото и единствено шеширче од лани и омилената чанта. 
Сакав да ве предупредам за чантата, ја видов на неколку сајтови како ја продаваат над 1000 денари. Чантата јас ја купив во март од Шутка, беше 400 денари, а пред некоја недела кога бев беше 300 денари. 





Wednesday, 5 December 2012

what's in my bag

Чантава ја купив при крај на минатата зима и совршена е за оваа сезона. Жалам што крзното на неа ме ограничува па не можам да ја носам и преку  лето. Летово беше дел од украсите во мојата соба. Мислам дека е една од најубавите чанти во мојата колекција, но и најквалитетна. Од кога сфатив дека чантата е многу важна за целосниот изглед ги исфрлив сите оние чанти кои изгледаа прилично ефтино, а бројката на исфрлени е поголема од онаа на тие што останаа. Иако речиси сите чанти со цените ми се до 500 денари, сепак за тие пари може да се најде и чанта која изгледа малку поубаво.

Еве што носам во чантата кога изглегувам:




1. паричник/ wallet
Во мојата омилена боја, црвена. Во него покрај пари, картички многу често чувам некои ситници. Голем е па може да собере се и сешто.

2. огледало/ mirror
Огледало искрено не носам секогаш. Иако најчесто ја носам оваа чанта, кога ги менувам го префрлам најнеопходното. Најлесто доцнам, па тоа се паричникот, марамиците и кармин.

3. чешел/comb
Најчесто го користам кога косата ми е права, но го носам ако ми е пуштена па сакам да ја соберам.

4. парфем/ perfume
Во чанта обично носам помали парфеми, најчесто се тоа на точење, не зафаќаат многу место, не тежат.

5.кармин/ lipstick
Бојата на карминот се менува според тоа што го носам тој ден. Некогаш носам по 2,3 но овој период овој темно црвен ми е омилен.

6. пенкало/ pen
Мислам дека во секоја чанта мора да се има пенкало. Многу често кога не сум носела, а сум морала да пополнам некои документи ми било непријатно да позајмам.

7. влажни марамици и палома/ wet wipes

8.чадор/ umbrella

9. мобилен/ mobile

Не се многу работи, но мене ми се доволни. Порано во чанта носев се и сешто, еден куп шминки, но сега избегнувам да ја поправам шминката во текот на денот.