Friends

Friday, 30 November 2012

beautiful sky

Вчера времето си играше малку со нас. Малку сонце, малку тмурно небо. За среќа кога се фотографирав небото беше преубаво. Фотографиите се најспонтани, затоа што со сестра ми го утнувавме моментот на позирање и фотографирање. :D
Многу обврски, многу шетање, а потоа се почастив со една  блуза од Мана. Треба да ми платат за рекламава со ќесата хаха се шегувам.
Блузата ќе ја видите во следниот пост.

Имајте убава вечер =)












Sunday, 25 November 2012

Again green

Секогаш сум внимавала гардеробата да не ми се повторува барем во 2,3 недели. За среќа можам да си дозволам да имам повеќе парчиња, па тоа е изводливо. Иако имам и многу чевли, кога ќе почнам да носам едно претерувам со нив. Наредниов месец сигурно нема да ги симнам од себе овие зелени чизми, а и зошто би кога се многу удобни.
Пред некој ден се подготвував за излегување и иако идејата ми беше друга, на крајот излезе да се облечам вака. 
Прстенот со срциња го додадов подоцна затоа што ми е подарок и навистина многу ми се допаѓа. 

Имајте убава вечер =)











Thursday, 22 November 2012

Green boots

Фотографии дома и надвор. Фотографии со марама и без марама. Убави бои и новите, а веќе омилени чевли.








Sunday, 11 November 2012

Lady in red dress

Свадба и паника што да се носи. За среќа ја имам тетка ми која шие, па ми го соши фустанов. За жал преретко шие, но секогаш ми ги погодува работите. Изборот на материјали кај нас е прилично лош, чипки речиси и нема, барем не онакви по мој вкус.
Првичната замисла ми беше да носам кремасти чевли, но на крајот се одлучив за црни, затоа што со кремасти беше комбинацијата многу бледа.
Еве неколку фотографии =)












                                                                 И сестра ми =)
                                                                 And my sister =)