Friends

Monday, 29 October 2012

red scarf

Одамна сакав асиметричен фустан и го најдов, во Певекс 199 денари. Не е некој убав и дебел материјал, но меракот беше поголем. 
Дождлив ден, чизмите беа неизбежни, а бидејќи ме чекаше многу шетање овие ми беа најудобни.
Одамна го меркам местово за фотографирање, па еве што излезе.

Имајте убав ден. =)







Tuesday, 23 October 2012

Green shoes

Неколку месеци се договарав со една за мене многу важна личност од минатото да се видам. Никако договорот да се реализира, но ете во саботата конечно го реализиравме излегувањето. За потоа се договорив со една другарка за во кино, добив гратиси за Трето полувреме, па бев повторно да го гледам.
Со хеланкиве беше љубов на прв поглед, па затоа ги облеков пак. Едноставната црно-бела комбинација ја разбив со зеленкастиве чевли, кои баш и не можам да одредам која боја и нијанса се :$ Преудобни се!











Friday, 5 October 2012

yellow bag

Одамна не сум постирала ништо, ретко се фотографирам, а и оние фотографии кои ги направив не ми се допаѓаат многу.
Омилените чевли за овој период и омилената чанта изминативе неколку месеци.
Голи нозе, да се искористи уште некој топол сончев зрак.