Friends

Tuesday, 4 September 2012

Red hair

Finally I have red hair. Classic look and red shoes =)


Одамна сакам да сум цевенокоса, но никако да соберам храброст за да направам промена на боја на косава. Не ја бојадисувам одамна иако имам многу бели влакна. Пред три месеци ја бојадисав костенлива, но не ми фати многу бојата и немаше голема разлика од мојата природна.
Сега пак потпораснаа белите влакна, отидов до маркет и најдов една преубава црвена нијанса. Дојдов дома, ја растворивме со мајка ми, таа ми ја нанесе и чекавме. Резултатот беше црвено-виолетов корен и останатото црно. Веднаш закажав за на фризер и таму ми ја потсредија малку,  со бланш извадија неколку прамени, потоа пак нанесоа црвена боја и резултатот добар е.
Кога и да разговарав со мојата фризерка околу бојадисувањето во црвена ми велеше дека на мојата природна боја нема да фати убаво, а сега и дека бев фарбана, фати само коренот.
Се надевам дека наскоро ќе бидам целосна црвенокоса, не само со корен и неколку прамени. :D










Sunday, 2 September 2012

me and my sister

Night with my friends and my sister.


Пиволенд веќе 5 ден. Јас бев на два, вечерта со Нокаут и синоќа. Убаво си поминав, убава музика и одлично друштво.
Ретко кога добивам дозвола од сестра ми да постирам фотографии и со неа, но овој пат можеби бидејќи е заљубена ми дозволи :D
Не можев да одберам што да постирам, па затоа има многу фотографии во овој пост.
Се надевам ќе ви се допаднат.