Friends

Sunday, 26 August 2012

300 followers

Thanks for following me. I hope you really like my blog.
My new bag =)

300! Ви благодарам на сите што редовно го следите мојот блог. Знам дека многу често паузирам со постови, но оваа година не ми беше меѓу најдобрите.
Се радувам на секој ваш коментар.

Новата чанта, купена пред некој ден.


Thursday, 23 August 2012

my nephew's birthday

Пред една година на 22. 8 се изнаплакав од радост. Се роди еден мал ангел, кој веќе станува мал ѓавол. Вчера полнеше годинка и таа годинка се прослави како што доликува. Торта со неговиот омилен лик, многу народ и деца. Внимание еден куп, насмевки и прегратки.

Ќе ми простите што не споделувам слики од целата атмосфера, но еве што носев јас.

















Tuesday, 21 August 2012

Blue flats and new shoes

Секогаш аларм правам за да се разбудам еден час пред излегување, но најчесто станувам 20 минути пред да излезам. Тогаш не знам што попрво да направам. Ставање леќи, малку шминка, местење чанта, а каде е гардеробата? Отворам плакарот и го земам она што прво ми фаќа окцето. Ако не е пеглано мајка ми дури вари кафе ми го запеглува :$ 
Ова што го носам всушност е здолниште, но јас го носам како фустан. Признавам често правам утка со некои парчиња гардероба, па во овој случај здолништево ми е преголема утка. Тој ден очајно сакав нешто да си купам, го поминав секое продавниче, секој бутик и не најдов ништо. На крај го здогледав, убави ми беа боите и го купив без размислување како и со што ќе го носам.
Синиве балетанки одлично ми изгледаа во целинава. Не бев сигурна колку ќе бидат удобни за долги пешачења, но преудобни се.
Во петокот бев во Тип-тап во Рамстор и ги земав кремастите салонки, но ги здогледав и зеленкастиве (не се баш ваква боја). 
Денес отидов и по нив. :D
Двата пара се удобни колку што можев да забележам носејќи ги по дома.
Ветувам дека до крајот на месецов не купувам ништо :D










Friday, 17 August 2012

yellow pants

Ги обожавам панталончињава иако морам да признаам не ми стојат најдобро. Топчево кога го видов знаев дека прво ќе го носам со нив, цела комбинација веднаш ми се сврте низ мисливе.
Повторно прошетка со сестра ми, но не најдовме добро место за фотографирање.
Еве ме =)

FACEBOOK



                                                             Сестра ми/ My sister
           Денес поминав од кинесконо Gary и ги видов овие убавици. Сините се преудобни, а шарените ми се преубави. Не знаев кои да ги одберам и на крај завршив со двата пара. Чинеа по 350 денари. Јас бев во продавницата во Ново Лисиче, не знам дали ги има во другите нивни продавници.

                                                                                                                                NEW SHOES

Wednesday, 15 August 2012

ice cream

Утрово станав многу рано, еден куп обврски, а и желба за дотерување. За жал немав многу време, но не се жалам од изгледов :$ :D
Пријавив еден куп испити ама кој да ги спрема. Прошетав и до Куманово ама за жал немам ниту една слика од градот. (Може некоја кумановка на мејл да ми прати =) )
Одамна пекам за сладолед на точење и денес добив сладолед за топење. 
Се на се убав ден =)


FACEBOOK =)







Мана има попуст на некои парчиња гардероба. Попустот е од вчера, а денес веќе немаше ништо. Ако сакате утре да одите, залудно ќе ви биде. Еве што одбрав јас =)


Sunday, 12 August 2012

lipstick shirt

Маици со апликации речиси и немам. Секогаш кога купувам маички одбирам некои еднобојни, затоа што полесно можам да ги вклопам во моите комбинации. Но, гледајќи низ градов, па и кај блогеркиве колку интересни маички имаат и на колку интересен начин ги комбинираат посакав и јас. За жал долго време барам, но никако да најдам нешто што мене ми се допаѓа. Не сакав да купам нешто колку само да имам.
Кога ја видов оваа беднаш знаев дека ќе ја носам со овие шорцеви и балетанки во некоја јака боја. Се двоумев помеѓу овие жолтиве и зелени, но овој пат победија жолтите. Зелените ќе ги оставам за некој нареден пат. Можеби поубаво би изгледала комбинацијава со патики, но немам патики кои се за пред јавност  :D






Friday, 10 August 2012

my first sunglasses

Многу сакам очила за сонце, но на други. За себе не можам да си пронајдам убав модел. Деновиве шетајќи со сестра ми, влеговме во кинеското Gary, ги пробав овие и веднаш ги земав.
Можеби тоа што до сега немам очила е и поради тоа што носам диоптерски очила, но од кога преминав на леќи се надевам дека бројот на очила за сонце ќе се зголеми.
Еве што носев:







Влеговме и во Пренди, па и таму обрав две маички.




Имајте убава вечер =)


Monday, 6 August 2012

One dress two pairs of shoes

Иако роденден ми беше пред месец дена, не најдов совршено време за да напишам пост. На четврти јули ми беше роденден, наполнив 23 години и се надевам дека годинава ќе ми биде посреќна и поубава од претходните.
Задоволна сум од тоа како го поминав роденденот, беа со мене повеќето личности кои ми значат. Посакував уште неколку да се со мене, но за жал таа желба не ми се исполни.
Нема да постирам слики од тоа што сум добила, затоа што најголем подарок ми беше нивното присуство. 
Еве што носев. 


П.С. ветувам дека ќе бидам поредовна со постовите =)