Friends

Wednesday, 5 December 2012

what's in my bag

Чантава ја купив при крај на минатата зима и совршена е за оваа сезона. Жалам што крзното на неа ме ограничува па не можам да ја носам и преку  лето. Летово беше дел од украсите во мојата соба. Мислам дека е една од најубавите чанти во мојата колекција, но и најквалитетна. Од кога сфатив дека чантата е многу важна за целосниот изглед ги исфрлив сите оние чанти кои изгледаа прилично ефтино, а бројката на исфрлени е поголема од онаа на тие што останаа. Иако речиси сите чанти со цените ми се до 500 денари, сепак за тие пари може да се најде и чанта која изгледа малку поубаво.

Еве што носам во чантата кога изглегувам:




1. паричник/ wallet
Во мојата омилена боја, црвена. Во него покрај пари, картички многу често чувам некои ситници. Голем е па може да собере се и сешто.

2. огледало/ mirror
Огледало искрено не носам секогаш. Иако најчесто ја носам оваа чанта, кога ги менувам го префрлам најнеопходното. Најлесто доцнам, па тоа се паричникот, марамиците и кармин.

3. чешел/comb
Најчесто го користам кога косата ми е права, но го носам ако ми е пуштена па сакам да ја соберам.

4. парфем/ perfume
Во чанта обично носам помали парфеми, најчесто се тоа на точење, не зафаќаат многу место, не тежат.

5.кармин/ lipstick
Бојата на карминот се менува според тоа што го носам тој ден. Некогаш носам по 2,3 но овој период овој темно црвен ми е омилен.

6. пенкало/ pen
Мислам дека во секоја чанта мора да се има пенкало. Многу често кога не сум носела, а сум морала да пополнам некои документи ми било непријатно да позајмам.

7. влажни марамици и палома/ wet wipes

8.чадор/ umbrella

9. мобилен/ mobile

Не се многу работи, но мене ми се доволни. Порано во чанта носев се и сешто, еден куп шминки, но сега избегнувам да ја поправам шминката во текот на денот.

8 comments:

  1. Убав пост. Многу ми се допаѓа ташната, прекрасна е!!
    http://ilovefashionizabela.blogspot.com/

    ReplyDelete
  2. Одлична инспирација за мој следен пост!
    Јас чадор никогаш не носам т.е.не сакам мали чадорчиња :))

    http://sanjaburgundy.blogspot.com/

    ReplyDelete
  3. mojata canta tezi i po nekolku kilogrami,sto se jas nosam ke se zacudite ima mal del ovde...http://ej277.blogspot.com/2012/08/packing-for-vacation.html

    ReplyDelete
  4. Ja sam negde izmedju tebe i Elene :) Kod mene je obavezan neseser s lekovima i energy bar, krema za ruke i fotoaparat :)

    ReplyDelete
  5. jas cador nikogas ne nosam..ako vrne, zimam obavezno, ama ako ne vrne nema sansi...nekako mi tezi

    ReplyDelete
  6. Cantata e preubava :)
    Inaku tashnata moja tezi po nekoj kg xD Sekogas mi e polna so 300 gluposti vnatre

    http://rosee96.blogspot.com/

    ReplyDelete