Friends

Sunday, 27 November 2011

You can leave your hat on

Забава со другарки и насмевката од лицето не се трга. Убава вечер, црвено вино и многу шеги. Ги раздрмавме колковите, со болки во нозете, но задоволни си дојдовме дома. За жал не можев повеќе фотографии надвор да направам , многу ладно беше.




Sunday, 20 November 2011

red and brown

Недела е ден кога навистина не ми се прави ништо. Само сакам да седам дома, да гледам некој убав филм и да чекам да биде готов семсјниот ручек. Но, денес моите тргнаа по гости, секој со своите обврски, па јас одлучив да се видам со еден пријател што го немам видено месец дена.
Претпоставувам дека ќе ми биде ладно, но ете решив да ја прошетам оваа комбинација која ми се врти низ глава со денови.
Имајте убав ден =)

Hi! This is mu outfit for coffee with friend. Have a nice day!



Saturday, 12 November 2011

orange tights

Сакам хулахопки, во сите можни бои и дезени. Ги освежуваат комбинациите, ги прават целосни. Овој пат оваа црно- бела комбинација ја освежив и избегав од шаблонот на едноставноста со портокалови хулахопки. Морам да признаам кога ги купувам продавачот чудно ме гледаше. Сигурно си мислише - Што ќе и се портокалови хулахопки на девојка од 22 години?
Се надевам ви се допаѓа. Имајте убав викенд :*

I love tights, in all possible colors. I love my orange tights. Hope you like my outfit. Have a nice weekend.



Tuesday, 8 November 2011

black, white and mustard

Белата и црната се бои кои мора да го има во секој орман. Иако во мојот белата речиси ја нема. Но одамна сакав бели хулахопки и конечно ги купив. Ако ве интересира на Пенти се. Но, нели доколку би се облекле во бело-црна комбинација би биле премногу монотони?  Затоа овој пат з ада ја освежам комбинацијата ја истористив можеби најактуалната боја за сезонава- сенф бојата (ако некој знае како поинаку се вели би била благодарна да сподели).

This are my favorites colors. I hope you like this outfit =)